По апелот за помош од Здружението Шепи-2021, згрижен е коњот кој во близина на Плетвар беше удрен од несовесен возач и оставен на патот, извести градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
„Беше потполно мирен, се тресеше од шокот и од светлата на автомобилите што минуваа. Но, сепак ова исплашено и рането животно како да знаеше дека спасителите се тука и ќе му помогнат“, пишува Јанчев.
Тој упати благодарност до сите што учествувале во спасувањето на коњот.