Нескротливата уметничка умешност на семејството Кондоски од Прилеп

DSC01645

Семејството Кондоски од Прилеп имаат развиено еден доста уникатен занает со кој се гордеат. Нивна преокупација е изработка на икони. Го посетивме нивниот дуќан и разговаравме за тоа како започнале, кои им се приоритетите, плановите и за тоа дали добро се живее од овој занает.

Не пречекаја расположени и насмеани и ни излегоја во пресрет. Со работа започнал Сашо Кондоски или главата на семејството, кој со многу труд, ентузијазам и енергија го постигнал она што денес е окупација на целото семејство.

DSC01640

DSC01637

DSC01638

Во нивното опкружување имаат 8 вработени кои вредно си ја вршат работата и се надополнуваат на идеите на Сашо.

Инаку Кондоски веќе 22 години активно се занимаваат со изработка на икони, а убавината на нивните ремек дела можат да се погледнат преку фотографиите.

Огромна мајсторија и љубов е вложена при изработката на истите.

Нивниот дуќан изобилува со најразлични икони, различни големини и различни материјали на изработка.

Иконите ги изработуваат од дрво, медиапан, платно, специјална фолија и 18 каратна позлата.

1

11162449_1047842855244819_2065997529729899689_n

10471192_1047842998578138_9017942777560716123_n

11007720_1020639534631818_6716240623569087537_n

11143536_1047843238578114_461184416105471147_n

11146244_1047842885244816_8024963693271227735_n

Работат во големи количини и се доста задоволни како од постигнатото така и од продажбата на истите.

Велат дека Прилепчани се големи верници и редовно купуваат, кој за свој дом, кој за поклон.

Во работата се вклучени како што споменавме Сашо , неговата сопруга Оливера, како и синот Дејан. Заедно сложни, спремни да постигнат многу и да пренесат љубов и светлина во многу домови преку своите изработки.

DSC01641




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.