Несекојдневно доживување за прилепчани: Кубанска вечер во домот за култура “Марко Цепенков”

Во среда 05.09.2018, со почеток од 20:00 часот, во големата сала на домот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе се одржи несекојденвен музички настан за прилепската публика. Кубанска вечер со “Son Flamenco” ќе биде посебно доживување за сите љубители на оваа музика.

Kубанската вечер е шоу кое го рефлектира кубанскиот идентитет преку музика, гестови, движење и внатрешен ритам на секој уметник, од силата на Булериа (брз фламенко ритам во 12 отчукувања), до сензуалноста и радоста на типичниот Син Кубано. Вкрстено време, звуци и движења, тоа се ќе биде во шоуто кое започнува од традиционалната, но со целосно современа кореографска концепција.

Влезници по цена од 200 денари на билетарницата од ЦК„Марко Цепенков“ од понеделник 3 септември од 11 до 13 и од 18 до 20 часот или онлајн на:

https://jugoton.mk/tikets1




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.