Несекојдневен гест: Момчето кое и подари медал на Македонија за Денот на независноста поздравен од пилотот во авионот (ВИДЕО)

Филип Додевски кој освои бронзен медал на официјалното европско првенство до 21 година во олимписко таеквондо кое се одржува во Шведска денеска беше поздравен од екипажот на авионот со кој се враќа во Македонија.

Имено пилотот му изрази честитка на Филип Додевски за освоеното трето место во такевондо.

-Ти благодарам Филип што така добро не претстави и Македонија на ова првенство, па затоа од екипажот на овој лет ќе си добиеш мал поклон, рече пилотот.

Инаку вечерва во 19 часот Таеквондо Клубот Бутел ги повикува сите сограѓани во спортската сала на Оу Свети Климент Охридски-Бутел скромно но со многу топлина и чест да го пречекаат европскиот медалист во олимписки спорт Филип Додевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.