Македонските патриотски здруженија денес во вечното почивалиште на големиот војвода и револуционер Методија Патчев во Кадино Село, одбележаа 115 години од неговата смрт.
Со панихида на која беа присутни голем број граѓани и повеќе патриотски здруженија од целата држава, достојно се оддаде почит на делото на овој голем херој, за неговата саможртва и саможртвата на неговата дружина.
На камбанаријата во селската црква се развеа огромно македонско знаме кое ги стопли срцата на сите присутни.