Неподнослива миризба деновиве повторно се шири низ Прилеп. Граѓаните од повеќе маала апелираат на социјалните мрежи и го изразуваат својот револт. Велат некој постојано ги труе прилепчани, а изворот никако да се најде…
Тешката миризба особено се чувствува во централното градско подрачје и во населбите Бончејца, Марино Маало, Чачорица…
Граѓаните велат дека посебно во попладневните часови, очите им лутат додека шетаат надвор.
Ова не е прв пат граѓани да се жалат на квалитетот на воздухот во Прилеп, но досега не е откриено кој е загадувачот и дали изворот е некој производствен капацитет или поединец.
Останува инспекциските служби да ги слушнат апелите на прилепчани и да си ја завршат својата работа.