Неофицијално: Целосно нова кадровска постава се очекува на сите нивоа во Прилеп

Според информациите кои ги добиваме новата локална власт во општина Прилеп на чело со градоначалникот Борче Јовчески, ќе донесе вистинско кадровско освежување во сите институции кои се под локалната самоуправа.

Информациите говорат дека јавните претпријатија, училиштата и градинките ќе ги предводат луѓе кои се вистински професионалци, луѓе со искуство и луѓе кои нема да бидат по ничија лична желба.

Со оглед на тоа дека во изминатите 4 години владеење на СДСМ во Прилеп, многу малку се направи во поглед на развој на градот и реализација на нови проекти, ова ќе значи вистинско освежување и трасирање на градот по нови патеки.

Всушност тоа се и барањата и очекувањата на прилепчани, кои од првиот ден после изборите гласно бараат раководни луѓе кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните.

Крајно време е личните желби и аспирации да бидат ставени настрана, затоа што граѓаните знаат, граѓаните ценат и граѓаните казнуваат доколку бидат изневерени нивните очекувања.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.