Oпштина Прилеп подготвува оглас за низа нови вработувања…?
Според сознанијата до кои дојдовме, општината ќе објави оглас за вработување на 10 нови пожapникapи и огласи за 24 нови вработувања во општинската администрација.
Се очекува овие огласи да бидат објавени деновиве.
Во изминатиот период огласи за десетици нови вработувања објавија јавните претпријатија Комуналец и Водовод и канализација.
Вработувањето, инвестирањето и зголемувањето на платите во Територијалната противпожарна единица е секогаш потребно и оправдано, но вработувањата во општинската администрација можат да почекаат, особено сега кога Прилеп речиси секојдневно е втор град по новозаразени од Ковид-19.