Неофицијално: Од утре во наредните 14 дена се затвораат сите училишта, градинки и факултетите во Македонија! (ФОТО)

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести неофицијално комисијата и Владата донеле одлуки во врска со коронавирусот во Македонија.

При тоа заклучено е од утре до 24 март да се затворат сите училишта и градинки.

-Комисијата за заразни болести ги заострува мерките и ги упатува сите основни, средни и високо образовни институции како и детските градинки да запрат со одвивање на наставно- воспитниот процес во тек на наредните 14 дена.

-Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на РМ, а спортските настани да се одвиваат без публика.

Инаку оваа мерка се очекува министерот за здравство да ја потврди на прес-конференција во 14 часот во Владата на Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.