Неодоливи! Во скопската Зоолошка градина се родија две бели волкчиња (Фото)

Во Скопје ЗОО ни се родија и две бели волкчиња

Во ЗОО Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели, а белата боја како своите родители ќе ја добијат со текот на времето.

-Волчињата се со родителите, тие се грижат за нив. Мајката ги роди во дувло кое сама го направи и таму седат сокриени подолго време од денот. Во многу земји на ЕУ овие волци се строго заштитени со Бернска конвенција.
Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Познати се и како поларни волци или бели волци.

Овој вид на волци спаѓа во загрозени видови, но не од човекот (нивно ловење), туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години – напишаа од скопската Зоолошка градина.

ФОТО/Горан Анастасовски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.