“Ненаситен вакcep”: Примил пет дози од три различни вakцини против Koвид-19, го фатиле на шестиот обид

Властите во Рио де Женеиро истражуваат како жител на градот успеал да прими пет дози од три различни вакцини против кopoнавиpyc.

Според официјалните податоци, човекот чие име не е соопштено почнал да се вakцинира во мај, потоа продолжил во јуни и во јули се додека не бил откриен од вработените на вakциналниот пункт во шестиот обид да прими вakцина.

Извештајот кој го објавија бразилските медиуми покажува дека човекот прво примил „Фајзер“ на 12. мај, потоа „Астра зенека“ на 5.јуни. следна била доза „Синовак“ на 17.јуни, а патоа упорниот Бразлец отишол по уште една доза „Фајзер“ на 17.јуни и завршил со доза „Синовак“ на 21.јули.

Властите првично сметале дека се работи за пропуст во системот, но извештајот на Општинското здравствено одделение покажал дека не е грешка.

Според извештатие човекот се чувствува добро.

Информацијата е објавена во период во кој во Бразил има недостаток од вакцини и милиони луѓе чекаат да ја примат првата доза.

Извор: kurir




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.