Ненадејно почина поранешниот пратеник и заменик министер од Прилеп

Денеска во Прилеп на 66-годишна возраст ненадејно почина Петре Трајкоски, пратеник во првиот состав на Собранието на Република Македонија.

Трајкоски со 2704 освоени гласа во вториот круг на првите парламентарни избори, одржани на 25 ноември 1990 година, стана еден од петтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

Имаше завршено Земјоделски факултет и порано работеше во Тутунскиот комбинат во Прилеп. Исто така во својата политичка кариера еден период ја извршуваше и функцијата Заменик министер за локална самоуправа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.