Немили сцени во Прилеп – Младиот капитен на Победа колабираше на теренот

Драматични моменти се случија во 75-тата минута од натпреварот помеѓу Победа и Детонит во Прилеп, кога младиот капитен на Победа, 19-годишниот Кристи Крајоски, ненадејно се струполи на тревникот и остана без свест.

Сцената веднаш предизвика вознемиреност кај играчите на двете екипи, како и кај присутните на трибините. Медицинската екипа експресно реагираше и му укажа прва помош на теренот, додека атмосферата беше исполнета со неизвесност и страв.

По брзата интервенција, Крајоски ја поврати свеста, но поради претпазливост беше пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Прилеп за дополнителни прегледи.

Натпреварот беше привремено прекинат за време на укажувањето на помошта, а резултатот во тој момент – 0:6 во корист на Детонит – остана во втор план.

Од клубот информираат дека здравствената состојба на младиот фудбалер е стабилна и надвор од животна опасност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.