Нема трте-мрте: Три години затвop во Швајцарија за оние кои нема да штедат енергија

Надлежните власти во Швајцарија воведоа доста необични мерки за оние кои нема да ги почитуваат мерките за заштеда на електрична енергија зимата. Сите оние кои нема да го почитуваат ова правило им се заканува казна затвор од три години.

ако што објави весникот Блик, на прекршителите покрај парична казна ќе им се заканува и затворска казна до три години.

Според новите швајцарски правила, температурата во зградите со системи за греење на гас може да се искачи најмногу до 19 Целзиусови степени, а водата во бојлерите може да се загрева до 60 степени Целзиусови. Употребата на греалки е забранета, додека сауните и базените не смеат да се загреваат.

Тоа е дел од мерките наведени во Федералниот закон за национално економско снабдување, на кој Федералниот оддел за економски прашања (ЕАЕР) експлицитно се повикува во официјалниот документ.

Маркус Спорндли, портпарол на Сојузното Министерство за финансии, за Блик изјави дека дневната стапка за казните може да биде минимум 30 швајцарски франци, а најмногу 3.000 швајцарски франци. Комуналните претпријатија би можеле да бидат казнети и доколку намерно ги надминат своите квоти за гас.

Во извештајот се вели дека владата се движи во „сива зона“, со предизвици и спорови околу казнените мерки кои веројатно ќе ги преокупираат судовите. Поединечните кантони сега се соочуваат со голем предизвик и имаат рок до 22 септември за да ги поднесат своите грижи или предлози.

Фреди Фаслер, висок полициски функционер, ја повика владата „да нареди само мерки што можат да се спроведат и, пред сè, да се контролираат“. Фаслер рече дека не сака полицијата да оди од врата до врата, апелирајќи насоките да се применуваат со чувство на пропорција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.