Нема пpocлави и вeceлби, но тука се пejcaжите на Елена кои ја нocaт новогодишната магиja во прилепската чаршиja (Фото галерија)

Eлена Димоска од Прилеп е млад уметник и професор по ликовна уметност, која и оваа година ја разубавува прилепската Стара чаршија.

Во овие тешки денови за сите, нејзините зимски и новогодишни пејсажи се повеќе од добредојдени.

На барање на дел од сопствениците од кафулињата и рестораните, Елена прави мали уметнички чуда, кои во услови кога изостануваат предновогодишните празнувања и веселби, ќе ви направат да се чувствувате одлично, барем додека шетате низ чаршијата, или додека пиете кафе.

Нејзината умешност беше вистинско освежување уште минатата година, а оваа година побарувачка има и од соседно Крушево.

Идејата вели дошла поради тоа што и порано се занимавала со цртање на мурали на ѕидови и стакла, па откако украсила еден од локалите, заинтересираноста растела.

Бидејќи остануваат уште две недели до Новата година, секој заинтересиран може да ја контактира на нејзината е-меил адреса: [email protected]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.