Нема проблеми во сообраќајот во прилепско

Сите магистрални и регионални патиштаа се проодни и во моментов е укината забраната за тешките товарни возила на превојот Плетвар, информираат од подружницата на „Македонија пат“ во Прилеп.

soobrakaj-1

Според раководителот Гоце Стефаноски, ноќеска на Плетвар наврнале 5, а на превојот Слива во Мариово 15 сантиметри снег.

– Новиот снег не направи проблеми во сообраќајот. Имавме еден час и 40-ина минути забрана на превојот Плетвар за тешките товарни возила, но забраната е симната. Сепак, се зависи од тоа дали и колку ќе има нови врнежи од снег. Забраната за шлеперите е превентивна поради несоодветна зимска опрема. Се случувало еден шлепер да направи застој во сообраќајот и затоа по потреба на превојот има забрани за шлеперите. Сега проодно е за сите видови возила. Подружницата има доволно материјал за одржување на регионалните и магистралните патишта во регионот, рече Стефаноски.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.