Во саботата во Прилеп помеѓу Младост96 и Вардар, се одиграа вториот и третиот (мајсторка), полуфинален Плеј офф натпревар од Супер лигата во пинг-понг на Македонија.
Најнапред од 11,30 часот во пингпонгарската сала на Соколана се одигра вториот натпревар, каде Младост96 извојува голема победа со 4-3.
Тоа даде надеж дека екипата на Младост96 ќе направи подвиг и во третиот натпревар и ќе се пласира во големото и градско финале. Во првата партија Рикалоски му даде голем отпор на најдобриот играч во Македонија Кристијан Станојкоски.
При 1-1 во сетови Рикалоски имаше неколку сет топки, но искуството на Станојковски го донесе до добиен сет и на ист начин и во четвртиот на разлика за победа на Станојкоски.
Во наредните два, победи извојуваа и Лашкоски и Костовски, па одлучувачки беше натпреварот во двојки каде Лашкоски и Костовски по голема борба го добијаа со 3-2 и водство од 3-1 во натпреварот.
На крај победа извојува Костовски со Кировски за конечни 4-3. Со оваа победа Младост96 се избори за мајсторка која се одигра истиот ден во вечерните часови. Тука ситуацијата се промени, играчите уморни од првиот натпревар и преголемата желба за победа не го дадоа својот максимум и го загубија натпреварот со 4-1.
Еден поен за мЛадост96 извојува Лашкоски. Со овој пораз Младост96 не успеа да влези во финалето, и во меѓусебен дуел со другиот прилепски клуб Младост, да се бори за титулата во пингпонгарската лига.
Сепак, ова е одличен успех за тимот кој работи на долги патеки и наредната сезона со овој тим Младост96 повторно ќе атакува на титулата. Костовски, Рикалоски, Лашкоски се хероите на клубот кои освоија многу титули оваа сезона.