Наместо општината да распишува тендери и да плаќа на приватници, отсега во Велес хоризонталната сообраќајна сигнализација ќе биде обврска на ЈКП “Дервен”.
–Набавена машина за одбележување на хоризонталната патна сигнализација!Безбедноста на сите учесници во сообраќајот е на прво место, поради што Општина Велес набави машина за одбележување на хоризонталната патна сигнализација. Редовното одбележување на улиците е неопходно, затоа оваа машина ќе биде предадена на користење на ЈКП Дервен, од каде што во координација со стручните служби од Општината навремено ќе се вршат активностите за бележење. За поубав Велес – напиша градоначалникот Марко Колев.