Нема повеќе летно и зимско сметање на времето! Европскиот парламент го укина променувањето на сказалките

Европа ќе ја укине праксата за промена на сказалките на часовниците откако Европскиот Парламент гласаше за укинување на зимското и летното сметање на времето.

Сега мора да се пронајде компромис со секоја држава членка на ЕУ.

Евроспкиот парламент во вторникот со големо мнозинство гласаше за прекинување на оваа пракса од 2021 година.

Според предложениот амандман, земјите кои планираат трајно да останат на летно сметање на времето, би требало сказалките на часовниците за последен пат да ги променат во последната недела од март 2021 година, додека оние кои сакаат да останат на “зимско време” промената ќе ја направат во последната недела од октомври 2011 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.