Нема повеќе изговори: Прилеп ја доби првата специјализирана продавница за производи наменети за нега на коса (Фото)

Oд неодамна во Прилеп се отвори “Hair Shop” првата специјализирана продавница за професионални производи за нега на коса.

Она што одамна е достапно во големите градови, а кај нас можеше да се добие исклучиво по нарачка, денеска го имаме на располагање, на задоволство на голем број потрошувачи.

“Hair Shop” e сместена во зграда “Македонија”, на лесна и пристапна локација. Таму ќе пронајдете буквално се’ за нега на вашата коса, особено од реномираните брендови: L’Oréal, Wella, Revlon, Orofluido, American Crew, Fanola, Rr line, Oro therapy, Alter Ego, Inebrya, Luxina, ImeL, Alfaparf, Black, Young, Goldhair и други.

Оваа продавница е единствена можност во градот за сите оние кои се грижат за убавината на својата коса и сакаат да употребуваат исклучиво професионални производи за таа намена.

Сопствениците се луѓе со долгогодишно искуство и вистински професионалци кои секогаш се расположени да дадат и бесплатни совети, како вие би биле задоволни и би го постигнале она што го сакате.

Во “Hair Shop” ќе пронајдете широка палета на шампони, маски, лосиони, серуми, фарби за коса, производи за нега на детската коса, а тука се и производите од делот “Barber Shop” наменети за мажи кои знаат што сакаат и вложуваат во нега на брадата и косата.

Од продавницата посебен акцент ставаат на програмата “Goldhair professional”, и го издвојуваат Ботокс третманот од производи наменети за комплетна реконструкција на оштетена коса. Станува збор за шампон, маска за коса и серум кои даваат неверојатни резултати и досега донеле насмевка и задоволство кај голем број луѓе.

Ние ви пренесуваме само мал дел од се’ она што може да се види и добие во “Hair Shop”. Ова е уникатна шанса да го вратите посакуваниот лик на вашата коса, но и да добиете целосно нов изглед.

За почеток отворете ја фан страната “HairShop.mk GOLD Salon” на Фејсбук и Инстаграм и уверете се со што се располагаат, а секако тука ќе можите да се информирате и за сите промоции, акции, попусти и новитети во иднина.

Епа девојки и момци, жени и мажи, сега немате причина за изговор. Имате место каде можете да добиете најдобра и професионална услуга. Изгледот и негата се нешто што говорат за нашата личност и за кое вреди да се даде денар повеќе.

Повелете и посете го!

Тимот на Hair Shop Ви посакува пријатен ден ?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.