“Нема одговор на кој јазик зборуваат егејците во Лерин? Заев не сакал да се скара со Грците?”

Во дуелот на емисијата „Само вистина“, помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го праша Зоран Заев како говорат Македонците во Грција.

Зоран Заев на ова прашање негираше дека има Македонци во Грција, упорно повторувајќи дека го почитува уставот на Грција.

– Во духот на договорот, Грција е таа која што треба да се изјасни за грчкиот народ, заради тоа што тоа се граѓани на Грција. И треба да се изјаснат, рече Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.