Oд полицискиот билтен на МВР:
-На 13.12.2025 во 03:48 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „4-ти Ноември” во Битола, го лишија од слобода Б.Ш.(22) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ш., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.66 промили алкохол во крвта.
-На 12.12.2025 во 23:00 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Орде Чопела” во Прилеп, го лишија од слобода Х. Г.(31) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Г., и при преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
























