Нема крај! Нов конкурс во cоцијални грижи Прилеп – Кој ќе cе вработи се знае од претходно?

Македонија бр.104/19, 146/19, 275/19, 311/20, 163/21, 294/21 и 99/22) а во врска со член 20-г од Закон за вработените во јавниот сектор (Службен Весник на Република Македонија бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и 143/19) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (Службен Весник на Република Македонија бр.34/15) и Одлуката на В.Д.Директорот бр. 04-305/1 ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2023

За вработување на неопределено работно време на 2 даватели на јавни услуги од кои 1 од категоријата А самостојни стручни (Дефектолог) i 1 давател на јавни услуги од категоријата Б помошно-стручни (систем оператор за внес) во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп за следните работни места:

1. СОЗ0303А04013 Дефектолог/специјален едукатор и рехабилитатор – Самостоен стручен службеник во УСЗ од четврто ниво: еден (1) извршител:

Служба за услуги од социјална заштита – Оддел-Дневни центри , Дел-Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост – еден (1) извршител.

Општи услови: Да е државјанин на Република Северна Македонија, Активно да го користи македонскиот јазик, Да е полнолетен, Да има општа здравствена способност за работното место, Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност .

Посебни услови: за ниво А4 стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Дефектологија) и најмалку две години работно искуство, Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење,

Општи работни компетенции на средно ниво: Учење и развој, Комуникација, Остварување резултати, Работење со други/тимска работа, Ориентираност кон странките/засегнати страни и Финансиско управување.

Распоред на работно време: Работни денови Понеделник – Петок / Работни часови неделно 40 / Работно време 08:00 до 16:00

Паричен нето износ на плата: 28,928 денари

2. СОЗ0303Б02013 Систем оператор за внес – Помошно стручен службеник од второ ниво: еден (1) извршител: Служба за права на парична помош – Оддел за права од парична помош на подрачјето на општина Долнени и општина Кривогаштани – еден (1) извршител.

Општи услови: Да е државјанин на Република Северна Македонија, Активно да го користи македонскиот јазик, Да е полнолетен, Да има општа здравствена способност за работното место, Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови: За ниво Б2 стекнати најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование (Гимназија или Средно стручно-хемиски, текстилен или технички смер)

Распоред на работно време: Работни денови Понеделник – Петок / Работни часови неделно 40 / Работно време 08:00 до 16:00

Паричен нето износ на плата: 19,674 денари
________________________________________________________________________________

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата за огласот може да се подигне од архиватa на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на проверка на веродстојноста на доказите и спроведување на интервју.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.

Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови: Уверение за државјанство; Уверение за општа здравствена способност за работното место; Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност; Доказ за соодветното работно искуство; Доказ – Диплома за завршено образование; Доказ за познавање на комјутерски програми за канцелариско работење (за кандидатите за работно место од реден број 1)

Напомена: Согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2023 година вработувањата се предвидени за: четири (5) Македонци.

Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп или по пошта на следната адреса: ул.,,Стеван Апостолоски ,, бр.17 – Прилеп (со назнака за ,,јавен оглас ,,)

Kомисија за селекција на кандидати за давател на јавни услуги врши проверка на веродостојноста на доказите и спроведува интервју, Комисијата изготвува ранг-листа на кандидати, врз основа на проверка на исполнетоста на условите од јавниот оглас и извршеното интервју и истата ја доставува до директорот во рок од пет дена од денот на завршување на интевјуто со сите кандидати.

Оддел за административни работи и управување со човечки ресурси – Комисија за селекција на кандидати за давател на јавна услуга. Контакт телефон : 048421702

Ненавремените, нецелосните и некомплетните пријави и документација нема да се разгледуваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.