Професионалниот боксер и студент на Факултет за Електротехника и Информациски Технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, прилепчанецот Матеј Чатлески, вечерва оствари значајна победа на боксерската сцена.
На настанот во Бор, во организација на Balkan Boxing, Чатлески ги одмери силите со искусниот боксер Милош Јанјанин од Босна и Херцеговина – противник со огромно искуство и зад себе стотина борби.
И покрај тоа што има само 19 години и ова му беше трета професионална борба, Чатлески покажа зрелост, дисциплина и квалитет во рингот, совладувајќи го 33-годишниот противник со едногласна одлука на судиите (3:0).
Оваа борба во 4 рунди, претставуваше сериозен тест за формата на младиот македонски боксер, кој чекор по чекор гради сигурна и ветувачка професионална кариера.
Со три борби – три победи, Матеј Чатлески веќе сериозно го најавува своето име на регионалната боксерска сцена.
























