Нема ден без cмpтни слyчаи во Прилеп: Денеска 40 нови зapaзени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 321, Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово и Неготино – по 17, Штип – 15, Битола и Струмица – по 13, Берово – 12, Делчево – 9, Гевгелија – 7, Ресен и Богданци – по 6, Струга и Кочани – по 5, Дебар, Виница и Крушево – по 4, Кичево и Свети Николе – по 3, Македонски Брод – 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 524 оздравени пациенти од: Скопје – 347, Прилеп – 42, Куманово – 21, Битола – 16, Тетово – 13, Велес и Гевгелија – по 12, Кочани – 10, Гостивар – 9, Берово – 8, Струмица – 6, Валандово – 5, Крушево – 4 , Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Пехчево – по 3, Кичево – 2, Кавадарци, Охрид, Крива Паланка, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 61 – 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, од Тетово – 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Направени се 2.730 тестови преку: ИЈЗ-668, ЦЈЗ Скопје-95, ЦЈЗ Битола-79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Авицена-357, Биотек-333, Систина-324, лабораторија Лаор–410, Синлаб-32, Ремедика-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 287.

Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.