Нема да има консензуален претседател? ДУИ ќе го кандидира Талат, се повеќе размислувале за самостоен настап

Демократската унија за интеграција е загрижена поради подемот на Алијансата на Албанците на Зијадин Села, дознава „Лидер“ од партиски извори.

Во ДУИ се повеќе се размислува за самостоен настап во првиот круг на претседателските избори, бидејќи се плашат за својата политичка иднина и идентитет. Како најсериозен кандидат според извори на „Лидер“ се споменува претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

ДУИ, неофицијално, не би поддржале консензуален кандидат за претседател во првиот круг, бидејќи со тоа нивната поддршка кај албанското гласачко тело уште повеќе би се намалила, а нивните гласови би ги презела Алијансата на Албанците.

Инаку премиерот Зоран Заев истакна дека посакува да има консензуален кандидат, кој ќе биде татко на нацијата и зад кој ќе застанеме сите.

Засега е познато дека доколку ЛДП одлучи да настапува самостојно на претседателските избори кои што ќе се одржат во првата половина од наредната година, најсериозен потенцијален кандидат за претседател е Ангелка Пеева – Лауренчиќ. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, распишаа јавен повик за избор на кандидат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.