Градоначалникот на општина Делчево, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот, му додели плакета на градоначалникот на општина Прилеп, за помошта која градот под Марковите Кули ја испрати за справување со поплавите, кои летово предизвикаа огромни штети во оваа македонска општина од истокот.
Невремето во јуни, кое беше проследено со досега невидени врнежи од дожд, предизвика огромни штети врз инфраструктурата во градот, а оштетени беа и голем број домови.
Општина Прилеп се солидаризираше и помогна со 300.000 денари, а Делчево покажа дека не ја заборавиле добрината. Едноставно, нема функционери од ВМРО и СДСМ кога се работи за човечката мака и судбина, само така ќе придонесеме сите за градење на едно подобро општество, во кое ќе преовладува разумот, хуманоста и меѓусебното помагање.