Нема веќе свиркање и дофрлување по жени на улица – казните ќе се плаќаат на лице место

Франција воведе нов закон со кој 750 евра ќе биде паричната казна за оние кои свиркаат или дофрлуваат по жени на улиците.

Ваквиот закон е донесен со цел да се спречи сексуалното вознемирување врз жените и некултурното однесување. Казните ќе се наплаќаат на лице место.

Претседателот Емануел Макрон смета дека со законот им се овозможува на жените да се чуствуваат сигурно на улица и да не се плашат да излезат од дома.

Министерката за родова рамноправност, Марлен Чиапа на прашањето како да се одреди границата меѓу флерт и сексуален напад одговори дека сите знаат во кој момент се чуствуваме непријатно, несигурно и нападнато на улица.

Се очекува овој закон да биде изгласани од Сенатот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.