Нема веќе пушење ни на терасите – инспекторите ги чешлаат најпознатите кафеани

zakon_za_pusenje

Од пред неколку денови речиси во сите угостителски објекти се забранува пушење и на терасите каде што до скоро беше дозволено пушењето. Според информациите засилени активности на инспекторите на терен се причина угостителските објекти деновиве да бидат посериозни и повнимателни при спроведување на законот за пушење. А, главната причина е селективност и непочитување на законот кај дел од угостителските објекти.

Законот превидува глоба од 2000 до 4500 евра за правното лице кое го прекршува законот и казна од 500 до 1000 евра за одговорното лице во правното лице.

Според информациите засилените контроли на терен имаат за цел целосно и рамномерно спроведување на законот без исклучоци. Извори од државниот пазарен инспекторат коментираат дека нема ништо ново, туку само посериозен пристап на спроведување на законот кој што е јасен и прецизен.

Граѓаните се изненадени од новите рестрикции кои се воведени во угостителските објекти.

Угостителите се поделени. Едните велат дека со ова се намалува прометот и дека пушачите носат сериозни приходи, а други велат дека вистинско време е да се стави ред на пазарот и законот да важи за сите.

Убаво е да знаеш дека си рамноправен со другите и дека тоа што е обврска за тебе важи и за конкуренцијата. Тешко е да се функционира, но тоа важи за сите – вели сопственик на познат скопски угостителски објект.

Законот за пушење стапи на сила во октомври 2010 година. На самиот старт наиде на низа реакции и спротивставен ставови, но со мали измени и корекции истиот важи и се спроведува до денес, но само во скопскиот регион. Во останатите градови, а особено на западот од Македонија, законот како да не ни постои. Во Тетово и Гостивар се пушти буквално во секој угостителски објект, како законот за забрана воопшто никогаш да не бил донесен. Таму, инспектори нема ни за лек.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.