Немате идеја што да зготвите денеска? Еве како да приготвите превкусен ручек за само 15 минути

Состојки:

300гр. пилешки стек, 150гр. шампињони, 100гр. моркови, 3 црвени пипеки, 2 тиквици, сол, бибер, печена црвена пиперка, магдонос, една лажица маслиново масло, неколку лажици доматен сос.

Подготовка:

Во тава за готвење загрејте го маслото, па додадете го месото исецкано на коцки. Кратко пропржете (околу 5-8 минути), па потоа додадете ги исецканите шампињони и моркови.

Динстајте додека зеленчукот не омекне, а потоа додадете ги исецканите пиперки и тиквици.

Промешајте и динстајте уште 10-15 минути.

На крајот додадете зачин и сос од домати.

НАЗДРАВЈЕ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.