Шарлот Гриди е 26-годишна девојка од Велс која на Инстаграм ја следат веќе 70.000 луѓе, а најмногу внимание привлекла со реновирањето на својот дом. Меѓу најпопуларните објави ѝ била обновата на кујната. Купила лепливи плочки, односно налепници за нив, а елементите ги обоила наместо да купи нови.
„Очајно сакав нова кујна, а немав пари за целосно реновирање, па дојдов до оваа идеја.“, рекла таа.
„Дојдов на идеја за бојадисување на целата кујна. Купив налепници за плочките преку интернет и така постигнав ефект на нови плочки, а потоа купив и воја и ја бојадисав кујнската површина. Претходно имаше сјајно црни нијанс, а сега се мат бели. Елементите исто така ги бојадисав, а користв мал ваљак и една помала четка за тешко достапните места“, напишала девојката.
„Ги сменив рачките кои многу евтино ги платив, а белите штекери ги замнив со хромирани. Подот исто така го купив на интернет и употребив скалпел и лепак во спреј за прицврстување“, вели таа.
Сѐ заедно Шарлот ја чинело 200 фунти, што е од прилика 15.000 денари.
„Пресреќна сум од реновирањето и заљубена сум во својата нова кујна. Кога и да влезам во неа, се чувствувам гордо“.