Во гостување нa емисија на Алсат телевизија, членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски, истакна дека морална одговорност на функционерите е да си поднесат оставка од функцијата поради непотизам, а не нивните роднини да даваат отказ.
Притоа тој посочи неколу примери како тоа функционира во Европа, кога функционери на видни позиции си дале оставка поради непотизам и вмешаност на нивни блиски членови од фамилијата во скандали.
– Јас лично сметам дека морална одговорност и обврска нема вашата мајка, морална и политичка одговорност имате Вие, вашите роднини не се јавни личности, за нив не гласале граѓаните на Република Македонија, гласале за Вас. Токму затоа јас кога излеговте пред некој ден на прес очекував да бидете европски политичар и да кажете дека Вие давате неотповиклива оставка како пратеник и дека ќе функционирате само како портпарол на СДСМ, му посочи Нелоски на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.