„Некст тајм“ ја најавија следната преработка, еве за која песна станува збор

Браќата Мартин и Стефан Филиповски, кои досега преработија три стари македонски песни, кои веднаш стекнаа милионски прегледи, го најавија новиот проект.

Станува збор за нова верзија на песната „Прошета се Јовка Кумановка“. Видеоспотот и песната ќе бидат промовирани на празникот 11 Октомври во НУЦК „Трајко Прокопиев” во Куманово.

-Горди сме што со оваа обработка заедно ќе заокружиме 500 години Куманово и веруваме дека Македонија повторно ќе ужива во уште една наша обработка!!!

Очекувајте нè !!!, порачаа „Некст тајм“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.