Чешмата на градската Саат кула во Прилеп деновиве осамна без бакарниот покрив кој од нигде никаде исчезна.
Фотографиите ги објави порталот “Инфо Компас”, oд каде пишуваат и дека Саат кулата извесен период не е осветлена.
Чешмата на часовникот исто така подолг период не е во функција, а сега го нема и својот покрив.
На кого толку очајно му затребаа 2,3… килограми бакар не е познато, но едно е сигурно, со вакви навики едноставно сме за жалење.
Инаку, Саат кулата во Прилеп е споменик на културата.