Некои пушачи доживуваат и 100 години – ова е причината

Сите пушачи знаат дека поради нивните навики здравјето им е загрозено и дека ризкуваат прерана смрт. Но, некои пушачи и покрај таквиот ризик долго живеат. Американските научници откриле дека некои пушачи доживуваат длабока старост иако пушат, а на тоа можат да им бидат благодарни пред се на гените.

Научниците долго проучувале пушачи кои долго живеат и приметиле дека една работа им е заедничка, а тоа се гените на долговечноста.

Нив тие гени им овозможуваат да бидат отпорни на штетни материјали од цигарите, но и генерално и на останатите загадувања околу нас.

Тие кои имаат такви гени имаат вкупно и 11 проценти помалку шанси да добијат некој вид на рак.

– Кај долговечните пушачи откривме генетски маркери, кои се исти како и маркерите кај луѓето кои доживуваат длабока старост, а не се пушачи. Тие гени функционираат што постигнуваат брзо опорвување на ќелиите и постигнуваат нивна подобра отпорност на штетните навики на кои луѓето се изложени, вклучувајќи го и пушењето, изјавил научникот Морган Ливијан за Дејли Меил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.