Сега се пејачи со богати и долги кариери, богатство и голема слава, но пред да станат тоа, имале сосема друг план за животот.
Весна Змијанац која палеше и жареше во Југославија, а нејзините хитови и понатаму се слушаат, нема завршено ни средно училиште, но има дактилографски курс.
Александра Пријовиќ која е мега популарна, а стана и снаа на Лепа брена, има само три години средно школо, кое не го довршила, додека Едита Арадиновиќ која беше во групата Министерки, има само основно школо.
Северина и Дара БубаМара исто така имаат само Основно училиште.
Светлана Цеца Ражнатовиќ има средно школо, Буба Мирановиќ е бабица, Џеј учел за автолакер, додека Индира радиќ за медицинска сестра.
Јелена Карлеуша и Драгана Мирковиќ завршиле средно трговско, додека Сека Алексиќ за фризерка.
Јелена Розга има средно балетско школо.
Од друга страна има и факултетски образовани и тоа Неда Украден има две дипломи, Здравко Чолиќ е дипломиран економист.
Сузана Манчиќ има диплома од правен факултет.