Вчера во Струмица на стадионот ,,Благој Истатов,, во натпревар од 11-тото коло на првенството на Втората лига-Исток, фудбалерите на Победа претрпеа минимален пораз од аспирантот за највисок пласман-домашната Беласица со 1-0. Повторно, како и на такаречи сите гостински натпревари оваа есенска полусезона, прилепчани скоро перфектно функционираа во дефанзива.
Блокот во најголем дел беше на висина на задачата, за што може да се рече дека најголем дело од играчите заслужуваат пофалби за дефанзивниот дел од нивните обврски. Но она што е веќе карактеристика на Победа е неинвентивноста кога е во прашање креирањето на офанзивни акции. Скоро па и да ги нема. Денес имаше неколку ситуации од противнапади кога најпрвин Митрески не искористи зицер во 9-тата минута-најубавата и единстцвена зрела шанса за Победа.
Потоа прилика имаше и Каралиоски, по асистенција на Наумоски, а во самиот финиш со глава, во судиското надополнување, со глава биеше Колевски но во домашниот голман. По водството на домашните во 60-тата минута преку Милушев(примен гол во иста минута како и на минатонеделниот меч со Саса), Победа се отвори. Во игра влегоа напаѓачите Гешоски и Ристески, но поради невнимателноста и може да се рече глупоста-удирање на противнички играч црвен картон доби Вецески, па со играч помалку на теренот беше многу потешко посериозно да се загрози домашниот гол.
На крајот пораз и на 6-тото гостување оваа по коа Победа и натаму е единствен тим во шампионатот без гостински бодови. Мора да се потенцира одличното деби во сениорска конкуренција на младиот 17-годишен голман Антониот Столевски, кој беше сигурен меѓу стативите, одбрани зицер на Мирчевски во 40-тата минута и несомнено претставува голема перспектива на црвено-белиот тим, заедно со вториот 17-годишник во почетниот состав Јошески. Поради повреди Мегленски на денешниот меч не можеше да смета на Д.Наумоски, Д.Спиркоски и Магловски, а поради издржување на казна во младински категории во комбинација не беше и третиот 17-годишник Дебрешлиоски.Во почетните 11 денес имаше 6 младинци(под 21 година) а на клупата од 7-мината резерви 6-мина беа младинци.
Победа:Столески, Петровски, Најдовски (од 75 мин Димитриески), Дамевски, Колевски, Вецески, Дунимаглоски, Јошески (од 55 мин Ристески), Каралиоски (од 66 мин Гешоски), Б.Наумоски и Митрески.
Резултати 11 коло: Беласица-Победа 1-0, П.Гули-Каменица Саса 0-2, Кожуф-Кит Го 0-2, Плачковица-Тиквеш 1-1 и Осогово-Брегалница 1-2.
Табела: Беласица 25, Брегалница 24, Кожуф 23, , Тиквеш и Кит-Го по 21, Каменица Саса 16, Плачковица 11, Победа 7, Осогово 6 и П.Гули 3 бодови.
Двојки за следно 12 коло: Победа-Кожуф, Каменица Саса- Беласица, Кит Го-Плачковица, Тиквеш-Осогово и Брегалница П.Гули.