Актерот Антонио Бандерас (59) вчера беше на премиерата на филмот „Pain and Glory“ на њујоршкиот фестивал со својата 20 години помлада партнерка – Никол Кимпел.
Бандерас бил кежуал облечен, а Никол во модерен и краток фустан мамела погледи на сите присутни.
Инаку познатиот шмекер кој беше во брак со Мелани Грифит (со актерката има ќерка), можеби конечно ја пронајде онаа вистинската.