Ова е некогашниот Општествен дом во прилепски Варош. Оставен на забот од времето, руиниран и обвиен во дебели пајажини, стокмен веднаш наспроти Амфитеатарот, гордо и’ пркоси на сеопштата негрижа – пишува на ФБ новинарката Каролина Дурло.
-Изграден во време на СФРЈ, како еден од многуте ДОМОВИ кои ги имаше речиси во секое маало и служеа за сите потреби на локалните граѓани, од културно-забавни дружби, до свадби, сега е ругло на средновековен Варош и никого мува не го лази оти едно вакво здание пропаѓа на очиглед на сите… Штета и срамота! – стои во објавата на новинарката Дурло.