Секој жител на Македонија барем еднаш во својот живот патувал преку регионалниот пат Битола-Ресен-Охрид и помал преку планинскиот превој Ѓавато.
Во времето ова место било главна попатна станица за сите патници кои оделе до Преспанскиот и Охридскиот регион, а така е и денеска.
Но, она што е различно е тоа што местото кое низ годините било чиста еколошка средина, со место за попатен одмор, да се испие кафе или да се касне некоја закуска, денеска е непрепознатливо.
Ѓубре насекаде, затревено, запустено…. Несовесни граѓани она што го носат во автомобилите го фрлаат наоколу, па сликата денеска е грозна.
Малите ресторанчиња кои функционираа денеска се затворени, а не функционираат ниту тоалетите.
Се’ уште стојат знаците на кои пишува “Забрането фрлање отпад”, но се чини тоа никој не го почитува.
Едно непријатно искуство кое зборува за нашата негрижа кон животната средина, но и негрижата на надлежните да преземат нешто и одново да го заживеат ова атрактивно место.