Последните неофицијални податоци на ДИК покажаа дека албанските партии на овие избори, споредбено со претходните избори во 2016-та добија 12 пратеника повеќе. Во минатиот состав, албанскиот блок имаше 20 пратеници, а со сегашните резултати имаат 32 пратеника.
ДУИ има 15, Алијанса 12, ДПА 1 пратеник и 4-ца пратеници кои се од БЕСА, а се во предизборна коалиција со СДСМ. Тука се и Албанците на листата на СДСМ од нивните редови, но кои официјално се од оваа партија.
На што се должи овој прогрес од околу 60 проценти повеќе споредбено со претходните избори од пред 3,5 години?
Зголемениот број се должи најмногу на малата излезност на македонското население, наспрема големата излезност ан албанското, макар што и дијаспората т.т. исленитете лица кои се константа на претходните, не дојде да гласа на овие избори.
Во превод, за новата парламентарна констелација виновни се Македонците кои седеа дома и оние над 31.000 гласачи, најголем дел Македонци, кои ги чкртаа ливчињата, правејќи ги неважечки.
Не само за изборите, велат познавачите, со овие резултати, сега албанската заедница во Македонија има право да тврди дека се многу повеќе од 20%, повторно одложувајќи го пописот закажан за следната година.
Извор: “Курир”