Заврши гласањето на непосредните партиски избори на СДСМ, среде пандемија, при што за прв пат членовите директно гласаа на избори.
Партијата ги промовираше изборите како израз на најголема демократија и покрај тоа што за претсеадтел имаше само еден кандидат.
Како што предмалку информираа од Централната изборна комисија, врз основа на досега преброените ливчиња од 227 од вкупно 237 избирачки места, за Заев гласале 59.240 членови, 865 биле против, а имало 277 неважечки ливчиња.