Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп е вистинска запустена руина, која од ден на ден се повеќе наликува на џунгла, налик на онаа од “Паркот Јура”.
Ветувањето на актуелните локални власти дека токму тие ќе го средат и направат модерен стадион на кој Прилеп и прилепчани ќе се гордеат, повеќе не држи вода.
Од градежните работи ставена е само кровна конструкција на едната трибина. Но, џабе ти е кров кога немаш терен, кога рептили ти шетаат по некогаш полните трибини, кога има пораснато цела ботаничка градина, па наместо да се гледа фудбал подобро би било да се отиде и да се набере некој чај.
Капак на се’, фудбалскиот миленик на прилепчани испадна во Втора лига. Клубот го напуштија голем број првотимци, а оние останатите мака мачат за плата.
Од неодамна Победа е целосно во општински раце, а ова следуваше откако спонзорите на клубот ги предадоа акциите на општина Прилеп.
ФОТО: Звонко Димоски