Недостасуваат 2013 гласачки ливчиња

Но, според овој Заклучок на ДИК, бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 869.889 што значи недостигаат 2.013 ливчиња.

Државната изборна комисија врз основа на податоците во доставените податоци од записниците од општинските избори комисии, избирачките одбори и целокупниот останат изборен материјал, утврди дека:

-Вкупен број на избирачи запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.236; Вкупен број на избирачи кои гласале – 942.334; Вкупен број на неупотребени гласачки ливчиња – 869.889; Вкупен број на важечки гласачки ливчиња – 910.868; Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња – 31.466.

Но, кога од 1.814.236 гласачи со право на глас, ќе се одземат 942.334 лица кои гласале, се добива бројката од 871.902 лица кои не се гласале, што значи дека толку треба да биде бројот и на неупотребени гласачки ливчиња.

Но, според овој Заклучок на ДИК, бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 869.889 што значи недостигаат 2.013 ливчиња.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.