Во секој случај ние сме за дијалог и тоа сме го покажале и докажале дека сме конструктивен синдикат и пред сакаме недоразбирањата и проблемите да ги надминуваме на заедничка маса со дијалог. Имено, ние бараме уште пред четири години овој проблем со континуирано зголемување на минималната плата на национално ниво да се усогласи со закон за минимална плата, така да сите плати во државата, а не само она социјална загрозена категорија на работници, континуирано да го следат порастот на минимална плата – вели Јаким Неделков, претседател на СОНК во синоќешното гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител.
Неделков вели дека и покрај четири години што молат за социјален дијалог се уште нема никаков одговор од страна на владата и ресорните министерства за надминување на оваа ситуација.
Значи четири години молиме за социјален дијалог за да се надмине оваа ситуација. Еве веќе два месеца откако е донесена минималната плата континуирано исто така молиме за да се надминеме ситуацијата, што еве очигледно не може, не се сака, се нема разбирање. За волја на вистината досега не сме добиле конкретен предлог на нашите барања, а и јавно беа соопштение до јавноста, и писмено беа доставени до ресорните министерства, но немаме добиено некаков фидбек како одговор на нашите барања, изјави Неделков.
Според Неделков одговорот дека економската состојба во државата е лоша е неприфатлив додавајќи дека кризата влијае и на нив и дека со овие плати кои што ги земаат сериозно влијае и на семејниот буџет.
Единствено што имаме добиено е тоа дека ситуацијата економски е доста лоша во целиот свет, Европа па се разбира и во Македонија, дека има разни кризи и дека е многу тешко да се одговори на нашите барања, што сметам дека не е соодветен одговор затоа што има кризи во светот, Европа и Македонија се одразува на нашите семејства, работниците, домаќинства. И тоа значи дека директно влијае и на нас и со овие плати кои што ги земаме сериозно влијае на семејниот буџет, рече тој.
Неделков вели дека не верува дека владата ќе го испочитува член 8 од законот за минимална плата бидејќи како што рече изминатите години ниту еднаш сме немале усогласување на платите согласно овој член.
Искрено немаме причина зошто да веруваме затоа што во изминатите години никогаш не е усогласен, односно испочитуван овој член на законот и од таа причина навистина немаме простор за верување. Апсолутно изминатите години ниту еднаш сме немале усогласување на платите согласно овој член од законот за минимална плата потенцираше Неделков.
Неделков е дециден и порача дека штрајкот на просветните работници и вработените во градинките ќе трае се додека не се исполнат барањата на СОНК.
Не зависи од нас колку ќе трае штрајкот. Штрајкот ќе заврши тогаш кога ќе се договориме, односно дека барањата кои што ги има СОНК ќе бидат задоволени. Ние сме синдикат го бараме тоа што ни следува по закон и Колективен договор, заклучи тој.