Неделен хороскоп: 24 – 30 септември

Што носaт оваа недела за хороскопските знаци на полето на работата, љубовта и здравјето?

Ова е хороскопот за периодот 24 – 30 септември.

Овен

На работа ве очекува подобро позиционирање, што ќе ве направи и порасположени. Потребно е само малку повеќе да се ангажирате за да покажете колку вредите. Тоа ќе донесе и до подобрување на финансиската ситуација.

Следат подобри денови и на полето на љубовта. Оваа недела носи позитивни промени.

Немате поголеми тегоби.

Бик

Совршено време е да ги организирате своите професионални чекори, за да ги решите проблемите кои се насобраа. Искористете ја оваа недела за напредок.

Можни се несогласувања со партнерот во текот на целата недела. Единствено решение е разговорот за проблемите кои ве мачат.

Водете сметка за исхраната.

Близнаци

Оваа недела за Близнаците носи промени на професионално поле. Доколку бевте без работа, можно е ново вработување.

Оваа недела нема да се занимавате со љубовта и емоциите, тие се споредна работа за вас.

Добро се чувствувате.

Рак

Доминацијата на работа не ви е силна страна, бидејќи сте суптилна личност која се грижи за другите. Оваа недела ќе се борите со другите, но и самите со себеси.

Во љубовта ви оди добро, што ви помага да заборавите на проблемите поврзани со работата кои ви се насобраа.

Ве мачи несоница.

Лав

Како што се ближи новиот месец, така и вие подготвувате нови планови. Октомври ќе биде многу поволен за вас, така што искористете ја оваа недела за подготовки.

Лавовите ги очекуваат мали турбуленции во врските. Ќе ви недостасува малку емпатија и разбирање од страна на партнерот.

Добро се чувствувате.

Девица

Кога станува збор за работата, правите многу грешки. Добро ќе ви дојде совет од поискусните колеги. Потребно е да се вратите на стариот пат.

Љубовта и понатаму цвета, но како да заборавате на пријателите и семејството.

Движете се повеќе.

Вага

Оние Ваги кои се занимаваат со работа поврзана со комуникации ќе бидат многу успешни. Искористете ја приликата која ѕвездите ви ја носат оваа недела.

Вашата неодлучност доаѓа до израз. Морате да одлучите што сакате и да престанете да ја повредувате личноста која ви значи.

Вежбајте почесто.

Шкорпија

Ова е генерално добар период за работа, особено доколку се занимавате со работа која влијае на луѓето и општеството.

Во овој период би требало да се опуштите и да заборавите на сите проблеми. Важни сте само вие и партнерот.

Здравјето е одлично.

Стрелец

Ви недостасува само малку трпение, бидејќи ѕвездите ви подготвуваат многу поволна ситуација. Потребно е само уште малку време.

На слободните Стрелци им се смешкаат авантури, а зафатените оваа недела ќе уживаат во убави моменти со своите сакани.

Внимавајте на калоричната храна.

Јарец

Обврските се насобираат и оваа недела нема големи промени во однос на работата. Монотонијата ќе биде присутна за вас оваа недела.

Имате потреба повторно да се заљубите, но се плашите каде тоа може да ве однесе.

Здравјето е добро.

Водолија

Можеби ќе се соочите со некои проблеми во однос на работата, но колку и да ви делуваат големо и значајно, не обрнувајте премногу внимание. Ќе поминат брзо.

Доаѓа период кога сакате да уживате во љубовта, со личност која подолго време ви се допаѓа. Ѕвездите ви се наклонети оваа недела.

Добро се чувствувате.

Риби

Клучот на добрата комуникација лежи во слушањето и точните информации, а за вам тоа воопшто не претставува проблем. Ова ќе биде убава недела на полето на работата.

Доколку сте во подолга врска или брак, можно е да дојде до поголеми недоразбирања.

Добро се чувствувате.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.