Недела на бесплатни театарски претстави во прилепскиот театар

DSCN8530

Во пресрет на новото 51 издание на Македонскиот театарски фестивал,,Војдан Чернодрински,, ,а со цел да се подгрее атмосферата за театар кај публиката, театарот ,,Војдан Чернодрински,,  ја организира веќе традиционалната манифестација Недела на бесплатен театар.

Од денес (четврток) до недела ќе бидат прикажани бесплатно 4 претстави.

Денеска ќе се одигра претставата ,,Обѕрни се во гнев”, во режија на Кристина Димитрова,  за студентите, во петок е       ,, Ајнштајновите соништа,, во режија на Слободан Унковски, во сабота трагикомедијата,, Хамлет од Горно Дупени,, режија Кирил Петрески и во недела претставата за деца,, Како се станува цар,,.

Заинтересираните љубители на театарот бесплатните влезници ќе можат да ги подигнуваат два часа пред почеток на претставите од билетарницата на театарот.

Ги покануваме да дојдат во театар и да уживаат во убавите тетарски мигови што ќе им ги приредиме со овие претстави.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.