ВИДЕО – Неготино “во пламен” – Цела ноќ се славеше пласманот во Втора лига на Вардар

Фудбалот не ни е на некое врвно ниво, но тоа не ги спречува навивачките групи во државата жестоко и со многу жар да ги бодрат милениците од своите градови.

1212

Изминатата вечер навивачите на Вардар од Неготино го “запалија” плоштадот во градот и ги пречекаа фудбалерите како да освоиле Лига на шампиони.

Во бараж натпреварот кој неготинци го одиграа против Вардари Форино,  на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Вардар Неготино беше поуспешен и се пласира во Втората фудбалска лига.

Вакво неверојатно славје можеби нема ни во Барселона. Сепак е за респект, кога олку многу луѓе ќе се соберат и обединат околу фудбалот, без разлика што во овој случај тоа се прави само за пласман во Втора лига.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.