Весна Петрушевска деновиве објави песна „Остани мој“ на Димитар Масевски која е отпеана од страна на Калиопи во далечната 1987 година.
Таа се потсети на прерано изгубениот колега Игор Маџиров, кој почина пред 16 години.
Маџиров имаше само 30 години кога во се уште нејасни околности си го одзеде животот скокајќи од балконот од неговиот стан, а единствен сведок на тој немил настан остана неговата тогашна девојка.
Весна со болка се потсети на актерот.
– Ме потсети на студентските денови, кога заедно со Игор Маџиров ја пеевме “Остани мој”, ќе седневме на клавирот на малата сцена на ФДУ и тој ќе почнеше со една жестина да ја свири, а јас пеев и бев бескрајно среќна дека имам другарче што сакаме иста песна да ја пееме заедно… Секогаш кога начекувавме момент ја пеевме… Дуке ме потсети на таа емоција… и секогаш на крај од песната имавме солзи… Остани мој за крај на дланка дари ми сјај од рајски цвет, остани мој ти после се ќе бидеш во мене, во мојот сребрен сон ќе бидеш само ти, иако се боли без тебе, збогум кажи ми имам спомени твои…. Најмил остани мој во сни…. Дуке ти благодарам, сум ти кажала дека си бескрајно талентиран и генијален, така?, напиша Весна.