Нега за вашиот миленик на четири тркала и во зима: Само во GALA WASH Прилеп миење на вашиот автомобил со топла вода, и тоа по најниски цени (ВИДЕО)

Лоцирана покрај Градската река, на улица “Кеј 1-ви Мај”, GALA WASH е местото каде можете да му пружите најдобра нега на вашето возило, и сето тоа без чекање, сами, а сега и по најниски цени во целиот град.

Цената на еден жетон е само 25 денари, а со тоа добивате 90 секунди. Она што е особено важно во овие зимски денови, е што само тука вашето возило можете да го перете со топла вода (55 Степени помешана со шампон), а ако сакате вашиот миленик на четири тркала навистина да заблеска, тогаш на располагање ви е и опцијата за нанесување восок со ладен воден млаз.

Покрај тоа GALA WASH нуди и можност за плакнење на возилото без бришење, со дестилирана вода, а откако добро ќе го светнете возилото однадвор, редно е да се упатите на следната станица, односно добро да ја исчистите внатрешноста. За 1 жетон од 25 денари добивате 180 секудни за користење на правосмукалка.

Она што мора да се потенцира е тоа дека автопералната користи исклучиво докажан бренд на хемиски средства, од реномираниот белгиски производител NERTA.

На вас останува после дождливото време, да ги посетите и да се уверите во пишаниот збор одблиску.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.